Европската ракометна федерација објави дека утре со почеток во 11.00 часот ќе се одреди кој ќе биде домаќин на првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп.
Македонскиот претставник Охрид ќе ги одмери силите со унгарскиот, Татабања, за кој игра нашиот Филип Талески. Унгарците во полуфиналниот двомеч го елиминираа Извиѓач од Босна и Херцеговина додека „рибарите“ беа подобри од Целје (Словенија).
Првиот натпревар од финалето е закажан за 23/24 мај а реваншот седум денови подоцна.

