Тимот на Голден Стејт ја освоија седмата титула во својата клупска историја откако во финалето на најсилната лига во светот го совладаа Бостон Селтикс со 4:2. Кошаркарите на Стив Кер се вратија на врвот во НБА лигата синоќа откако дојдоа до победа во мечот број 6 од финалната серија со Бостон односно победија со 103:90 (27:22, 27:17, 22:27, 27:24) на теренот во Бостон.
Така, Голден Стејт Вориорс сега ја зазема третата позиција во рангирањето на најуспешните тимови во НБА. Ова е шампионскит прстен број 7 во историјата на „воините“, бидејќи ги оставија Чикаго Булс и нивните шест трофеи на четвртото место во поредокот. Бостон не успеа повторно да се искачи на врвот и останува со ЛА Лејкерс на врвот на табелата со по 17 титули.
The @warriors are the 2021-22 NBA Champions! #NBA75 pic.twitter.com/ckNLJTdQ1C
— NBA (@NBA) June 17, 2022
Екипата на Сан Франциско дојде до трофејот за прв пат по 2018 година, во несреќната 2019 година имаа шанса да станат првиот тим во речиси 20 години што освоил злато во три последователни години по ЛА Лејкерс во 2000-02. Сепак, Голден Стејт не само што загуби од Торонто Репторс во финалето, туку загуби и еден од своите лидери – Клеј Томпсон, што го означи почетокот на неуспехот на екипата во следните две сезони.
Во 2019/20, Вориорс беа најслабиот тим во Западната конференција, а во следната сезона повторно не успеаја да се пласираат во плеј-офот.Сепак оваа сезона се вратија на големата сцена со освојување на титулата во НБА лигата.