Кошаркарот, Џоел Ембид, се надева дека неговото враќање во составот нема да биде со краток рок. Центарот на Филаделфија откако пропушти 15 натпревари поради повредата на левото колено, успеа да направи трипл-дабл во победата против Далас.
„Посакувам да можам да играм на секој натпревар. Што и да одлучи Бог од тој момент па натаму, не можам да го контролирам. Целта е да бидам на теренот“ – рече седумкратниот учесник на Ол-Стар мечевите.
Неговиот тренер, Ник Нурс, изјави дека 30-годишниот Ембид нема да биде на списокот за мечот со Мајами кој ќе се одигра в четврток во 01.30 часот по наше време.

