Кошаркарот од НБА лигата, Кармело Ентони, кој имаше само кратка авантура во дресот на Хјустон и понатаму нема клуб.
Десеткратниот учесник на „Ол Стар“ натпреварите одигра само 10 мечеви за „ракетите“ на кои имаше во просек 13,4 поени и 5,4 скокови со 40,5% проценти на успешна реализација. Медиумите во Њујорк проценуваат дека Ентони може да се врати во редовите на „Никси“ бидејќи има желба да ја заврши кариерата во – „Медисон Сквер Гарден“.
35-годишниот крилен играч кој беше дел од Њујорк во периодот од 2011-2017 година, влегува во одредени комбинации да го облeче дресот на Лос Анџелес Лејкерс и да му биде партнер на Леброн Џејмс.