Кошаркарот, Кармело Ентони, кој паузираше една година откако го напушти тимот на Хјустон Рокетс, сега ги прикажува посакуваните партии во НБА конкуренцијата во дресот на Портланд Трејд Блејзерс.
Тој во првите четири мечеви забележа ефект од 16 поени, 5,3 скокови и едно додавање со што потврдува дека може да се носи рамо до рамо со младите ѕвезди кои допрва се наемтнуваат. Иако враќањето на ветеранот под обрачите за многумина претставува само заокружување на богатата 15-ет годишна кариера, Ентони не мисли во тој правец.
„Знам што можам да направам и верувам во мене. Кога ќе дојде прошталната турнеја, ќе дојде. Јас не размислувам за пензија“ потенцираше Ентони.