Денеска во Данска ќе заврши Европското ракометно првенство за жени. Од 18.00, Франција и Норвешка ќе играат за златото додека од 15.30, Хрватска и домаќинот ќе се борат за бронзата.
В пресрет на последните мечеви беше одреден Ол Стар тимот на континенталниот собир. Голманската позиција ја има Тофт од Данска, крилните места се резервирани за екс-вардарките, Херем и Радичевиќ додека во бековската линија се избрани Норвежанките Офтедал и Мерк и Русинката, Бобровникова.
Најдобар пикер е Дебелиќ од Хрватска а најдобар дефанизивец, Хаугстед од Данска. За МВП е прогласена Естел од Франција.

