Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, затоа што ЕХФ го потврди како еден од учесниците во елитата со доделување на „вајлд-карта“.
Директни учесници во Лигата на шампионите:
Магдебург, Фуксе Берлин, Барселона, Спортинг Лисабон, ПСЖ, Веспрем, Алборг, Загреб, Висла Плоцк и Динамо Букурешт
Добитници на „вајлд-карта“:
Еурофарм Пелистер, ПИК Сегед, Нант, Киелце, ГОГ Гудме, Колштад
Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 ќе се одржи во петок, 27 јуни, со почеток од 15:00 часот во Виена. Во оваа фаза ќе учествуваат 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи по осум тимови.
Еурофарм Пелистер ќе ја стартува новата европска сезона на 10/11 септември.
Барањата за „вајлд-карта“ на Порто, Шафхаузен и Слован не беа одобрени, што значи дека овие екипи нема да учествуваат во Лигата на шампионите, но ќе имаат право на настап во Европската лига или Европскиот Куп, според рангирањето и критериумите на ЕХФ.

