Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да направат изненадување во првиот меч со Магдебург во 1 /8 финалето во Лигата на Европа.
Германците славеа на гостувањето со 32:24 и практично го решија патникот меѓу најдобрите осум иако ќе треба да се одигра и реваншот на 30 март. Гостите денеска во салата „Боро Чурлевски“ доминираа во речиси сите елементи и на крајот сосема заслужено ја освоија Битола.
Најпрецизен кај „зелено-белите“ беше Мандалиниќ со 6 голови пред Граџан со 5 додека во противничкиот табор се издвоија Магнусон со 10 погодоци и Дамгард со 6.

