Ракометарите на Еурофарм Пелистер се прв финалист во Купот на Македонија. Во денешното прво полуфинале на завршниот турнир од Купот, битолчани ја оправдаа фаворитската улога и славеа со 28-21 над екипата на Пролет.
Кузманоски со седум гола беше прв стрелец кај победникот, пет имаше Костески, а четири запиша Павле Атанасијевиќ. На другата страна Палевски имаше шест гола.
Второто полуфинале меѓу Алкалоид и Вардар 1961 е закажно со почеток во 20 часот.