Екипата на Еурофарм Пелистер утрово ги дозна противниците за групната фаза од новата сезона на ЕХФ Европската лига. Според имињата на ривалите, битолскиот тим има реални шанси да се бори за место кое води во осминафиналето.
Нови ривали на битолчани оваа сезона ќе бидат Татабања од Унгарија, АЕК од Грција, Спортинг од Португалија, Ним од Франција и Кадетен Шафхаузен од Швајцарија.
Со Татабања и Кадетен Шафхаузен, нашиот преставник играше и минатата сезона во групната фаза.