Екипата на Еурофарм Пелистер денес треба да го има првиот собир по долгата пауза поради прекинот на првенството кое беше предизвикано од пандмеијата со коронавирус.
Тренерот Жељко Бабиќ ќе ги има на собир своите ракометари, на кого ќе им ја претстави програмата за подготовките, а од битолскиот клуб претпалднево излeгоа со еден новитет, го објавија новиот комплет на дресови со кои ќе се натпреваруваат во новата сезона.
Она што ќе ги израдува навивачите од Битола е што од трите комплети еден е зелено-бел, па така големата желба на фановите на Пелистер е остварена.
Исто така, од Еурофарм Пелистер најавуваат дека по теркот на големите спортски колективи наскоро ќе отворат и фан-шоп од каде навивачите ќе може да си купат дресови и останати реквизити од својот клуб.