Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер го донесе првото засилување, во Битола доаѓа Нејц Цехте
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер го донесе првото засилување, во Битола доаѓа Нејц Цехте

    risteBy riste02/06/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Само неколку дена по завршувањето на сезоната, ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер го објави првото засилување за сезоната 2023/24. Во Битола доаѓа играчот кој требаше да игра за Вардар, Нејц Цехте, кој веќе потпиша договор на една сезона, со опција за уште една со „зелено-белите“. 

    Цехте во Битола доаѓа од ГОГ Гудме, каде оствари одлични резултати оваа сезона. Откако минатото лето потпиша за Вардар 1961, па по исфрлањето од Европа, го раскина договорот словенечкиот десен бек сепак ќе заигра во македонскиот ракомет.

    „РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека нов член на нашиот клуб е словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте. 30-годишниот десен бек доаѓа во редовите на македонскиот шампион од четвртфиналистот на Лигата на шампионите на ЕХФ и актуелен првак на Данска, ГОГ Гудме.  Цехте е стандарден словенечки репрезентативец, има 52 настапи за својата селекција, вклучувајќи и Европско и Светско првенство. 195-сантиметри високиот Нејц Цехте потекнува од ракометно семејство, бидејќи и неговиот брат Клемен Цехте беше професионален ракометар и словенечки репрезентативец. Нашиот нов член се афирмира во дресот на Горење Велење, клуб со кој стана национален шампион на Словенија и играше во Лигата на шампионите. Во 2018 година следеше трансфер во Хановер, каде Нејц играше четири години и ја делеше соблекувалната со Урбан Лесјак, со кого пак ќе играат во ист клуб. Во сезоната 2022/23 со ГОГ Гудме дојде до историски успех во Лигата на шампионите, каде се најде меѓу осумте најдобри екипи, а се бори и за одбрана на титулата шампион на Данска. Цехте се обрвза на едногодишен договор, со опција за уште една сезона“, се вели во соопштението на клубот од Битола. 

    Претставувањето на Цехте, клубот го најави кон средината на јули, на почетокот на подготовките на екипата за сезоната 2023/24.  

    Битолскиот клуб претходно на оваа позиција го доведе Павле Петровиќ од Еурофарм Пелистер 2.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Танески е нов селектор на кадетската ракометна репрезентација

    21/09/2023

    Лазаревски: Ова беше многу тежок, машки натпревар

    18/09/2023

    Вардар знае како против Еурофарм Пелистер, победа во првото сезонско дерби

    17/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Европскиот шампион Игор Стефановски-Иџе на прием во АМСМ
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.