Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја прекина доминацијата на Вардар 1961 во Суперкупот и славеа во дуелот кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ како најава за сезоната која следи во македонскиот ракомет.
Еурофарм Пелистер одигра одлично второ полувреме и на крајот победи со 31:22, ана полувреме беше изедначено (14:14). Вардар досега имаше три титули во низа, но избраниците на Жељко Бабиќ успеаја да го совладаат тимот на Вардар предводен од Веселин Вујовиќ.
Овие две екипи ќе имаат можност да одиграат уште еден натпревар за неколку дена доколку се оди според планот на двата тима и се пласираат во финалето на ракометниот турнир во Струга.

