Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер ја отвора новата сезона во ЛШ вечерва против Загреб
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер ја отвора новата сезона во ЛШ вечерва против Загреб

    sasoBy saso10/09/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Еурофарм Пелистер е спремен за европскиот почеток и првото коло од групниот сегмент на Лигата на шампионите. Вечерва во Битола гостува поранешниот европски првак и Загреб. Пред дуелот Еурофарм Пелистер – Загреб пред медиумите капитенот на македонскиот шампиот, Филип Кузмановски ги сподели своите очекувања:

    „Среќен сум што ќе го пречкаме Загреб со најдобриот состав. Имавме неколку повредени ракометари кои изостанаа за пријателските натпревари и Суперкупот. Сега сите сме спремни и ќе го пречекаме Загреб. Лигата на шампионите сама по себе е голем мотив и ние ја заслуживме по ланската сезона. Максимално сме мотивирани, знам дека ќе имаме помош од нашите навивачи и очекувам полна сала“, вели Кузмановски.

    РК Еурофарм Пелистер ја отвора својата фан-зона пред домашните натпревари од Лигата на шампионите. Денеска од 18:45 часот на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола се подготвува забавно-музичка програма со вкусна храна и пијалоци.

    Пред натпреварот навивачите ќе имаат шанса да си купат и нов дрес на македонскиот ракометен шампион.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.