Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со Цветан Кузмановски
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со Цветан Кузмановски

    risteBy riste21/09/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    РК Еурофарм Пелистер денес информираше дека ракометарот Цветан Кузманоски го продолжи договорот со клубот до јуни 2025 година.

    Ова е остварување на уште една зацртана цел на клубот, а од таму веруваат дека довербата во репрезентативец како Кузманоски е важен чекор за растот на клубот. 22-годишниот стружанец ја игра третата сезона во Битола, откако дојде од матичната Струга. Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер, откако претходно се наметна во Еурофарм Пелистер 2.

    Самиот Цветан Кузманоски е задоволен од неговиот настап во екипата:

    „Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола“ рече Кузмановски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Душебаев: противникот има екстра класа

    27/01/2023

    Селекторот на Данците ги потенцира голманите

    27/01/2023

    Варгас: горди сме на оствареното досега

    27/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.