Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер официјано го промовираше Филип Кузмановски  
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер официјано го промовираше Филип Кузмановски  

    risteBy riste20/11/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер официјално се пофали со големо засилување во бековската линија. Нов играч на битолчани е репрезентативниот бек Филип Кузмановски, кој доаѓа директно од Бундеслигата, каде што настапуваше за Вецлар.

    Само што се појави информација дека Кузмановски го раскина договорот со бундеслигашот, клубот од Битола го официјализираше потписот. Пелистерци се пофалија со ангажирањето на еден од најдобрите македонски ракометари, кој потекнува од Битола и веќе се врати во Македонија и потпиша договор со екипата на Еурофарм Пелистер.

    На промоцијата беше присутен и тренерот Бранислав Ангеловски кој му посака добредојде назад во клубот на популарниот „Фитиљ“.

    27-годишниот Кузмановски е дете на Пелистер, првите ракометни чекори ги направи во Битола и доби афирмација во родниот град. Потоа се пресели во Металург, кратко играше во Еурофарм Работник, па се одлучи за интернационална кариера. Кузмановски избра германски предизвик и ја искуси Бундеслигата.

    Една сезона го носеше дресот на Магдебург, па три сезони настапуваше за Хановер, а од јануари годинава го носеше дресот на Вецлар и соработуваше со Филип Миркуловски кој беше дел од стручниот штаб.

    Клубот го пријави Филип Кузмановски за натпреварите во Лигата на шампионите и негово деби се очекува в среда против ПИК Сегед во Битола.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пешевски: Против Киелце ќе ја бараме нашата шанса за изненадување

    29/11/2023

    Ангеловски: „Да веруваме во тоа што го работиме, за кратко време ќе дојде и победата“

    23/11/2023

    ПИК Сегед ја доби драмата во Битола и ја скрати радоста на домашниот тим

    22/11/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Нандез ќе замине во друг тим
    • „Виси“ столчето на Пиоли
    • Пешевски: Против Киелце ќе ја бараме нашата шанса за изненадување
    • Познати четвртфиналните двојки за НБА Купот
    • Барселона за првпат во осминафиналето на ЛШ по заминувањето на Меси
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.