Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер, денеска (18.45 ч.) во Данска ќе го има првиот европски натпревар за оваа полусезона. По шест одиграни средби во првата фаза во групата, битолчани имаат скор од 2 победи, едно реми и три порази, па на денешното гостување во Данска кај екипата на Архус ќе атакуваат на трета сезонска победа.
Пелистерци со триумф против Архус ќе ги зголемат шансите за второто место во својата група, што ќе биде и дополнителна мотивација на денешниот дуел.
Тренерот Ларс Валтер, конечно, денеска на располагање ќе го има комплетниот состав, со враќањето на Мартин Велковски и Суси, кои ќе бидат во комбинација за настап на вечерашниот меч.