Ракометарите на Еурофарм Пелистер се победници на јубилејното 50-то издание на Меѓународниот турнир во Струга.
Во денешното финале, македонскиот претставник беше подобар од Целје Пивоварна Лашко по шутирањето пенали (7-6). Мечот беше прекинат поради лошото време, па одлуката падна на овој начин да се комплетираат натпреварите на овој турнир.
Битолчани први поведоа, но потоа направија неколку грешки и го препуштија водството на противникот. Следуваа проблеми со времето, односно дождот, што предизвика прекин на финалето.
По долга пауза, организаторот на турнирот во консултација со двата тима одлучи победникот да се решава со шутирање пенали. Голманите добија клучна улога. Во серијата пемали поуспешен беше голманот на Еурофарм Пелистер, Лесјак кој успеа со своите одбрани да ми донесе трофеј на својот тим.