Еурофарм Пелистер потпиша двегодишен договор со Миха Котар, 27-годишен среден бек, кој доаѓа од првакот на Србија, Партизан.
Котар е роден во Требње, поникна во матичниот клуб Тримо а афирмација доживеа во Словењ Градец. Во последните две сезони го носеше „црно-белот“ дрес на екипата од Белград.

Официјалното претставување на новиот играч на битолчани ќе биде во јули на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27. Еурофарм Пелистер покрај Миха Котар во наредниот период ќе донесе уште еден играч на бековската позиција.

