Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер потпиша со уште еден Данец, во Битола доаѓа нов кружен напаѓач
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер потпиша со уште еден Данец, во Битола доаѓа нов кружен напаѓач

    risteBy riste10/06/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипата на Еурофарм Пелистер донесе уште едно засилување во својата екипа  и потпиша со ракометар од Данска. Нов член на македонскиот шампион е Андреас Јохан Нилсен, 25-годишен пивот кој доаѓа од данскиот ракометен шампионат.

    Пред да потпише со Еурофарм Пелистер, пивотот го носеше дресот на Морс, и Нордсјеланд, а има свои настапи и во младинските категории на данскиот национален тим. 

    „Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека кон своето спортско семејство приклучи нов член. Нашата мала данска колонија ќе биде побогата за уште еден ракометар.  Андреас Јохан Нилсен потпиша договор на една сезона, со опција за продолжување за уште една ако двете страни дадат согласност. 25-годишниот дански кружен напаѓач доаѓа во Македонија од данскиот прволигаш Морс, висок е 198 сантиметри, тежок 107 килограми и со своите настапи во земјата на светскиот првак во последните неколку години значително се наметна. Особено задоволство ни е што покрај Кисум, нашиот дрес ќе го носи уште еден дански ракометар во сезоната 2023/24, незаборавајќи ги убавите денови кои во нашата земја ги минаа Себастијан Хенеберг и Ларс Валтер“, велат од Еурофарм Пелистер.

    Официјалното претставување на Нилсен е предвидено по почетокот на подготовките во Битола“, се вели во соопштението на битолскиот клуб. Пред Нилсен, договорот со пелистерци го продолжи и Каспер Кисум.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Танески е нов селектор на кадетската ракометна репрезентација

    21/09/2023

    Лазаревски: Ова беше многу тежок, машки натпревар

    18/09/2023

    Вардар знае како против Еурофарм Пелистер, победа во првото сезонско дерби

    17/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Европскиот шампион Игор Стефановски-Иџе на прием во АМСМ
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.