Во Битола со нетрпение се очекува првиот настап на Еурофарм Пелистер во новата сезона од ЕХФ Европската лига. Домашниот тим на Еурофарм Пелистер ја отвора европската сезона со домашен натпревар против Скандерборг Архус во рамки од ЕХФ Европската лига.
Еурофарм Пелистер немаше инпресивен настап на последните натпревари во домашниот шампионат, но сега играат меѓународен натпревар пред своите навивачи во салата „Боро Чурлевски“. Влезниците за дуелот се распродадени, па се очекува нов ракометен спектакл во Битола.
Архус во моментов е на осмото место во данскиот шампионат, а во оваа екипа се свесни дека ги очекува пеколна атмосфера и дека ќе биде многу тешко да се стигнат до бодовите. Жешкиот терен ќе биде дополнителен притисок за Архус, кој сепак доаѓа со амбиција да однесе цел плен од овој натпревар.
Тимот на Архус предводен од Ник Расмусен не знае за пораз на последните седум меча во сите конкуренции. Тоа е показател и за тоа дека нема да му биде лесно на тренерот Ларс Валтер и ракометарите на Еурофарм Пелистер, ако сакаат да се радуваат на воведниот меч во Европа оваа сезона. Средбата меѓу Еурофарм Пелистер и Архус започнува во 20.45 часо, а ќе ја судат германските судии Фабиан Баумгарт и Саша Вајлд.