Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер сака пласман во четвртфинале, потребна е победа против Нексе
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер сака пласман во четвртфинале, потребна е победа против Нексе

    risteBy riste05/04/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го пречекуваат Нексе од  Нашице во реванш осминафиналето во Европската лига на ЕХФ. Откако во Хрватска битолчани загубија со 29:26, сега пред своја публика мора да ги надокнадат трите гола негатива доколку сакаат пласман во четвртфинале.

    Жељко Бабиќ знае како треба да се победи, а пред полна сала, бодрени од домашната публика во Битола, ќе се надигруваат со хрватскиот ривал. Добро за Еурофарм Пелистер е тоа што во тимот викендов се врати и капитенот Јосип Периќ, кој, иако не е спремен да понесе целосен товар, може да помогне во клучните моменти од дуелот. Гостите од Хрватска сериозно пристапуваат на овој натпревар па пристигна во Битола порано од планираното, доби одложување на натпревар во хрватското првенство и веќе во неделата дојдоа за да се аклиматизираат во Битола.

    Традицијата не е на страната на битолчани. Во петте меѓусебни дуели Еурофарм Пелистер има две победи, додека ривалот од Нашице има три. Сепак, од домашната екипа очекуваат во пеколна атмосфера во Битола да се обезбеди победа со тоа што ќе ги анулираат трите гола дефицит од Хрватска.

    Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице е закажан за во 18:45 часот, а правдата ќе ја делат словачките судии Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Португалија пресилна за Македонија и по втор пат

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.