Битола викендов го прослави враќањето на шампионската титула во домашното ракометно првенство. Екипата на Еурофарм Пелистер е нов шампион на Македонија, а по големото славје во саботата вечерта, синоќа раководството на клубот организираше церемонија на која меѓу другото беше обелоденето кои ракометари нема да го носат дресот на тимот во следната сезона.
Така, од редовите на Еурофарм Пелистер си заминуваат Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски. На сите ракометари им истече договорот со „зелено-белите“ и летово како слободни агенти ќе бараат нова средина.