Еурофарм Пелистер дојде до првата победа во ЕХФ ракометната лига откако славеше на гостувањето кај АЕК во Атина со 27:30. Македонскиот тим уште од самиот старт наметна своја игра и на крај успеа да стави крај на позитивната серија на противникот, кој победи на првите два меча во Групата Д.
Пелистерци беа доминантни во текот на целиот натпревар, во првиот дел константно беа во предност и го завршиа полувремето со 13:16. Одличната игра ја продолжија и во вторто полувреме во кое ја одржуваа оваа предност а во еден момент имаа водство од 18:24 кое само најави дека Еурофарм Пелистер од Грција ќе се врати со победа. Рутинската игра во финишот од натпреварот му донесе конечно славје за екипата од Битола и победа од 27:30.
Јосип Периќ со осум гола беше предвоник на екипата на Еурофарм Пелистер, додека кај домашниот тим Милонас и Цирас постигнаа по шест погодоци. За една недела, Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Татабања во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а тоа ќе биде нова можност за да се дојде до нова победа на европската сцена.