Ракометарите на Еурофарм Пелистер направија голем исчекор кон завршницата во регионалната СЕХА лига откако вечерва на домашен теренс лавеа со убедливи 37-29 против словачки Татран Прешов.
Уште во првиот дел битолчани покажаа дека се решени да дојдат до висока победа. До пред крајот на полувремето веќе имаа разлика од 7 гола, која за жал поради падот во играта се спушти на само +3 до полувреме (20-17).
Во вториот дел домашните беа далеку подобар тим и сосема заслужено ја наполнија гостинската мрежа. Костески заврши со 10 гола, Хенеберг додаде осум, а Кисум заврши со шест гола. Влачеслав Касаткин со 9 гола беше најефикасен кај гостите. Задутре својот прв меч во четвртфиналето го игра Вардар кој ја пречекува Војводина.