Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, ја информираше јавноста дека спогодбено го раскинале договорот со нивниот ракометар Мохамед Калид Валид пред истекот на истиот.
Двете страни беа согласни за промена и затоа оваа операција брзо е завршена. Во дресот на Еурофарм Пелистер, Калид Валид го освои Суперкупот на Македонија и имаше забележителни настапи во Лигата на шампионите и Суперлигата.
Клубот му се заблагодари на соработката и му посака успех во понатамошната кариера.


