Откако своите подготовки за новата сезона ги започнаа ГРК Охрид и РК Алкалоид, и вицешампионот Еурофарм Пелистер ги започна подготовките следната сезона.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со работен состанок ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона. Екипата денес ќе има заедничка вечера за почеток на сезоната, а во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските тестови.

Во екипата на Еурофарм пелистер има доста промени во составот за следната сезона:
Дојдоа:
Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе
Заминаа:
Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Дејан Манасков
Пелистерци првата недела ќе работат во Битола, а потоа ќе заминат на базични подготовки во Словенија.
Последен од големата четворка со подготовки стартува актуелниот шампион Вардар 1961, кој утре во 18.30 часот во салата „Расадник“ во Скопје ќе го има собирот предводен од тренерот Иван Чупиќ.


