Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер убедлив и на реваншот во Прешов
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер убедлив и на реваншот во Прешов

    risteBy riste10/04/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Еурофарм Пелистер си ја заврши работата и во Словачка и со убедлива победа над Татран Прешов (26:36) обезбеди ново учество на завршниот Ф4-турнир во регионалната СЕХА-лига.

    Екипата на Еурофарм Пелистер во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од четвртфиналето меѓу Партизан и Веспрем (првиот натпревар го доби Партизан со 39:24).

    Словачкиот првак играше со комбиниран тим и на реваншот и уште еднаш е празен од Еурофарм Пелистер, а тренерот Александар Јовиќ за Прешов замина без неколку првотимци, но и тоа не беше пречка младите да се покажат на дело и да дојдат до нова убедлива победа. Се беше решено од почетокот на натпреварот кога Еурофарм Пелистер дојде до предност од 3:10, па 5:13 за на одмор да заминат со предност од 10:20.

    Во вториот дел се беше рутина и задржување на високата предност која на крајот беше исто така 10 гола разлика (26:36).

    Најдобар кај победничкиот тим беше Ненад Костески со 11 гола, пред Дарио Стевановиќ со седум постигнати гола, додека Жарко Пешевски погоди пет пати. Кај голманите Кизиќ имаше девет одбрани, а Ристевски три.

    Кај Татран, Рабек пак имаше одличен меч со 12 гола, додека Касаткин стрелаше успешно седум пати.

    По овој успех во двомечот со Татран Прешов, втора сезона по ред Еурофарм Пелистер ќе игра на Ф4-турнирот во СЕХА. Минатата сезона во полуфиналето битолчани загубија од Веспрем, а во мечот за третото место славеа против Нексе Нашице.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер

    27/05/2023

    МВР: Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој го удри Филип Талески

    19/05/2023

    Петриќ од Партизан ќе биде ново засилување за Вардар?

    17/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.