Ракометарите на македонски шампион Еурофарм Пелистер денека (18.45 ч.) во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе го имаат дебито во насилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. „Пелистерци“ синоќа го одработија официјалниот тренинг пред стартот од новата натпреварувачка сезона во Лигата на шампионите, каде вечерва го дочекуваат норвешки Колштад.
Тренерот на тимот Александар Јовиќ, во пресрет на денешниот дуел вели дека во Битола доаѓа еден квалитетен ривал кој во своите редови има голем број репрезентативци.
„Колштад е екстра квалитетна екипа, која во своите редови има шест норвешки и еден исландски репрезентативец. Тим кој негува екстра динамична игра и мислам дека ќе биде задолвоство да се натпреваруваме со нив. Верувам дека ќе се прикажеме во најдобро светло оваа сезона, пред нашата публика, во нашата реновирана сала. Се спремаме подолг период, игравме доста пријателски натпревари, игравме и променливо на некои од нив. Од натпреварите на кои не бевме на висина на задачата извлековме многу поуки. Анализиравме доста детали каде сите заеднички грешиме и мислам дека ќе ги исправиме со стартот на новата сезона во Европа и во Суперлигата. Еурофарм Пелистер ќе биде подготвен за предизвиците. За најдобрата публика и најракометниот град во Европа ќе порачам дека ќе оставиме срце на терен, ќе се прикажеме во најдобро светло и нема да ги разочараме навивачите“, вели Јовиќ.
Покрај овој меч од групата во која е нашиот шампион денеска се игра и дуелот меѓу Киелце и Алборг.

