Ракометарите на Еурофарм Пелистер од вториот шешир ќе ги чекаат своите ривали за групната фаза од ЕХФ Европската лига. Откако синоќа се одиграа реванш средбите од второто квалификациско коло, станаа познати комплетните шешири.
Шешир 1: Бенфика, Фуксе Берлин, Екс Прованс, Скјерн
Шешир 2: Еурофарм Пелистер, Кадетен Шафхаузен, Гранољерс, Иштад
Шешир 3: Мотор Запорожје, Татран Прешов, Валур, Балатонфуреди
Шешир 4: Флензбург, Гепинген, Спортинг, Бидасоа
Шешир 5: Монпелје, Бенидорм, Веспрем КФТ, Скандерборг Архус
Шешир 6: Нексе Нашице, Алпла Хард, Ференцварош, Агуаш Санташ
Извлекувањето на групите е закажано за утре во седиштето на ЕХФ во Виена со почеток во 11 часот.