Ракометарите на Еурофарм Работник ја забележаа првата победа во ЕХФ Купот и испишаа нова страница во својата историја.
Во рамки од четвртото коло на ова натпреварување, битолскиот тим успеа пред својата публика во салата „Боро Чурлевски“ со голема поддршка од публиката да дојде до победа против екипата на Нексе од Нашице со 29:28.
И покрај тоа што тренерот Стевче Алушовски и на овој меч останаа без помошта на Пецаковски и Чурлевски, а поради повреда во составот не беше и Михаил Петровски сепак неговата екипа играше добро и на крајот се радуваше на првата победа оваа сезона во групната фаза од ова натпеварување.
Следен противник на македонскиот тим е германскиот Хановер кој исто така ќе гостува во Битола.