Ракометарите на Еурофарм Работник денес ќе го пречекаат Татран Прешов во рамките на петтото коло од Лигата на шампионите.
Битолчани најавуваат дека ќе одат на втората победа во Лигата на шампионите. Минатата недела, во салата „Боро Чурлевски“ успеаа да го совладаат финскиот тим Кокс, а сега на гости доаѓа последнопласираниот тим во групата Ц, Татран Прешов од Словачка.
Одлични вести за тренерот Стевче Алушовски е враќањето на Невен Стјепановиќ. Со него екипата на Еурофарм Работник е многу по опасна од десната бековска позиција и ќе имаат многу поголеми шанси за победа.
Надвор од составот на Еурофарм за оваа средба се голманот Благојче Траjковски и Мартин Велковски. Дуелот меѓу Еурофарм Работник и Татран Прешов во Битола се игра денес со почеток од 17:00 часот.