Екипата на Еурофарм Работникги заврши своите настапи на европска сцена и на последниот натпревар од групната фаза на ЕХФ Купот забележа пораз од тимот на Татабања од Унгарија со 30:27.
Македонскиот преставник играше добро во првиот дел и во текот на целото прво полувреме беше во водство за да на одмор замине со предност 13:12, но очигледно немаа сили, но и квалитетот е на страна на протовникот и во втриот дел ги донесоа работите на свое метсо и славеа со 30:27.
Во редовите на Еурофарм најпрецизен беше Остроушко со девет гола, а по четири постигнаа Кузмановски, Ѓукиќ, Граџан и Маркоски. Кај домаќинот прв стрелец беше Григораш со пет гола.
И покрај тоа шро имаа пет порази и само една победа, настапот во второто по ранг натпреварување на ракометна Европа за битолчани може да се окарактеризира како успешен.Овие натпревари може да бидат од големо значење за воигрување на екипата за она што следи, а тоа е борба за подобра позиција во плеј-офот во домашната суперлига.