Извршниот комитет на ФИБА на денешниот состанок одлучи, Европскиот кошаркарски шампионат кој требаше да се реализира догодина, да биде поместен од 1 до 18 септември во 2022-та.
Поради пандемијата со корона-вирусот, ФИБА, ги одложи сите активности во летниот период, но, не ги промени термините за квалификациските средби во месец ноември.
Тоа значи дека Македонија кон крајот на годинава ќе ги продолжи настапите во групата во која досега претрпевме два пораза од Естонија (дома) и Русија ( на гости).