Денеска беа одредени полу-финалните двојки за завршниот Ф4 турнир во Ракометниот Куп на Македонија за мажи.
Во првата средба ќе се сретнат скопските ривали Вардар и Металург додека во втората силите ќе ги одмрат Еурофарм Пелистер и Бутел.
Победниците од двата меча ќе се борат за вредниот трофеј во Купот. Завршницата ќе започне на 14 мај во салата „Автокоманда“ во Скопје.