Поради ненадејната смрт на познатиот кошаркарски тренер, Драган Василов , федерацијата одлучи да ги стави во мирување активностите на кошаркарскиот камп за млади играчи кој се одржуваше во Маврово.
Василов беше член на тренерскиот тим, но ненадејно почина токму во Маврово, па со одлука на претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, активностите се прекинати.
Учесниците на кампот, кошаркарите и кошаркарките родени 2007 и 2008 година, ќе бидат дополнително информирани за наредните активности.