Брет Браун постигна договор со раководството на Филаделфија и го продолжи договорот за уште три години со НБА тимот, објавија американските медиуми.
Иако финансиските услови не се обелоденети, медиумите тврдат дека соработката ќе трае до крајот на сезоната 2021/2022. Тековниот договор на Браун со клубот вклучува уште една сезона. Тој го презеде тимот во 2013 година. Филаделфија во плеј-офот го совлада Мајами во првиот круг а потоа загуби од Бостон во 4-1.
Во регуларната сезона тимот имаше 52 победи и 30 порази и за прв пат од сезоната 2000/2001 забележа толку многу победи. Филаделфија под водство на 57-годишниот Браун, има вкупно 127 победи и 283 порази.