Македонскиот репрезентативен ракометар Филип Талески заминува од Германскиот клуб Балинген кој денеска објави дека соработката со нашиот репрезентативец нема да биде продолжена.
„Би сакале да му се заблагодариме на Филип Талески за неговата посветеност во нашата екипа“, изјави за официјалниот сајт Волфганг Штробел, извршниот менаџер на клубот.
Филип Талески дојде во Балинген од екипата на Рајн Некар Ловен на срединта на сезоната. Но, не успеа да се вклопи во концепцијата на тренерот и играта на Балинген, па ете денес стигна и потврда дека македонскиот играч заминува од клубот.
На сето ова се надоврза и кризата која само малку ја одложи целата оваа работа. Сега останува да видиме каде Филип Талески ќе ја продолжи кариерата, дали ќе остане во Германија или можеби ќе се одлучи за враќање во Македонија.