Со финалниот натпревар меѓу Шпанија и Хрватска во Стокхолм кој се игра денес од 16.30 часот ќе заврши првото ЕП на кое учествуваа 24 репрезентации и се одржуваше во три држави.
Цели 18 години досега не се случило бранителот на титулата да ја одбрани круната, а во Шпанија се надеваат дека ќе ја срушат оваа традиција. Шпанија и Хрватска одиграа одлично ЕП, а тоа го покажаа и на меѓусебната пресметка која ја имаа во последното коло од групната фаза кога одиграа нерешни 22:22, но тој натпревар одлучуваше само за тоа кој ќе биде прв, а кој втор во групата.
За разлика од таа средба оваа која се игра денес одлучува кој ќе биде прв, а кој втор на ЕП и затоа е многу поразличен. За нас ќе биде интересно тоа што токму ова финале ќе го судат македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Се нaдеваме дека како и досега ќе имаат одлично судење и дека нивните одлуки ќе бидат во сенка на она што ќе се случува на финалето. Следува финале за уживање, па затоа одберете си репрезентација за која ќе навивате и уживајте во врвниот ракомет кој го очекуваме од 16.30 часот.