Финска – Македонија 22-27

0

Нашите најдобри ракометари триумфално минаа на теренот на Финска откако одиграа одличен втор дел. Тогаш проработе одбраната а контрите донесоа лесни голови и целосен пресврт за нова победа во квалификациите за Европското првенство.

Најдобри на листата на стрелци беа Лазаров и Кузмановски со по пет голови а голманите Митревски и Томовски  заедно запишаа 15 одбрани. Кај Финците, Гранлуд даде шест голови а Мартин постигна пет.

Во последното коло на 2 мај во групата „7“, Македонија ќе ја пречека Швајцарија.

Share.

Leave A Reply