Франција во финалето на женскиот ракометен турнир на Олимписките игри во Токио ја совлада Русија со 30-25 и се закити со првиот златниот медал во ова натпреварување. Со оваа победа, „триколорките“ ја комплетираа доминацијата на овие Игри, откако предходно на тронот се искачија и мажите.
Пино и Фопа со по седум погодоци беа најефикасни кај Франција. Во малото финале за бронзениот медак, селекцијата на Норвешка без проблеми ја совлада Шведска со 36:19.