Дуелот на ракометните гиганти го доби Франција која беше подобра од актуелниот европски првак Шпанија со 33:30 (18:16).
Ова беше натпревар во кој се вратија две големи ракометни легенди како Никола Карабатиќ и Арпад Штербик. Шпанија скоро да ги загуби шансите за полуфинале, а светскиот првак е на чекор до Хамбург.
Дуелот започна добро за Франција којауспеа да направи рзалика и да се одлепи на 7:4. А таа предност ја одржуваше во текот на целото прво полувреме за на одмор да заминат со 18:16. Франција беше во позитива во текот на целото второ полувреме и имаше контрола над резултатот , а со тоа не им дозволи на шпанците да се доближат и да го загрозат нивното водство, па на крајот дојдоа до победа од 33:30.
Во францускиот тим најефикасни беа Лудовик Фабрегас и Дика Мем со по шест погодоци, а кај Шпанија блескаше Феран Соле со 11 гола. Франција сега е на чекор до полуфиналето, а европскиот првак само теоретски може да се надева на пласман во полуфинале.

