Повредата на Никола Карабатиќ е санирана и ветеранот кој доби поштеда и не играше во полуфиналето, сега ќе биде дел на вечерашното финале со неприкосновената Данска.
„Тоа што не играв во петокот ми даде уште два дена да закрепнам. Тоа беше совршено сценарио, бидејќи немаше потреба од мене. Се обидувам да им помогнам на соиграчите најдобро што можам, со тоа што ќе им кажам што гледам на теренот“, изјави Карабатиќ.