Кошаркарите на Франција го пополнија третото место на пиедесталот на Светското првенство во Кина откако во решавачкиот меч за бронзата направија голем пресврт и победија против Австралија со 67:59.
Репрезентацијата од петтиот континент иако во еден дел од мечот успеа да направи предност од 15 поени, на крајот мораше да им честита на „триколорите“ кои имаа импресивна завршница и сосема заслужено се израдуваа на победата.
Денеска светот ќе го добие и новиот кошаркарски владател откако ќе биде реализирано големото финале меѓу Аргентина и Шпанија.