Турскиот кошаркарски состав, Галатасарај, е последниот во низата кои се откажаа од Евро-купот и се преселија во ФИБА лигата на шампионите.
Медиумите објавија дека за тој потег екипата добила финансиска компензација.
Членот на извршиот одбор на Галатасарај, Омер Чансевер, изјавил дека турскиот клуб од ФИБА добил 350.000 евра за потпишан петгодишен договор.