Ракометарите на Еурофарм Пелистер по минатонеделната победа на домашен терен против Сегед им се врати на поразите во Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион загуби на гостувањето кај Сегед (35:20), и покрај тоа што пред само седум дена ја победија оваа екипа во Битола.
Тренерот Рубен Гарабаја ги сподели импресиите по мечот во Унгарија и кажа дека одбраната потфрлила, а исто така немало помош од голманите.
„Во нашиот меч минатата недела нашите голмани имаа дури 50% успешност во одбраните, а такво нешто не успеавме да повториме. Нашата одбрана беше послаба. Не браневме еден на еден ситуации, исто така бевме и слаби во два на два. Не успеавме да го неутрализираме и Лазар Кукиќ, па сметам дека овие беа клучните работи кои ни донесоа успех минатата недела, а неуспех на овој натпревар“, изјави Гарабаја по мечот со Сегед.
Еурофарм Пелистер и понатаму останува во борба за следната нокаут-рунда на ЛШ, а главен ривал е ГОГ Гудме од Данска кој има една победа повеќе од нашиот шампион.

