По поразот од Црна Гора, нашата ракометна репрезентација ќе заврши на последното ,четврто место во групата, а поразот по мечот го кометираше крилниот играч на Македонија,Гоце Георгиевску.
„Лошо го отворивме натпреварот, ни поведоа со 4:0 и потоа беше тешко да се вратиме. Надополнивме и израмнивме, но не беше доволно. Одбраната беше нефукционална, посебно во првиот дел. Примивме 17 гола за едно полувреме што е неприфатливо. Сето тоа и покрај многуте одбрани на нашите голмани.
Во вториот дел нивниот голман се разбрани и тие играа добро и во напад и во одбрана. На крајот мислам дека искуството пресуди. Се подготвувавме детално за секој нивен напад, немаше изненадување во тактиката, но во одбраната бевме многу лоши и тука лежи причината за поразот“, истакна Георгиевски.
Црна Гора сега е во игра за пласман во главната фаза , а на Македонија ќе и остане да го подобри впечатокот на мечот со Данска, в понеделник.

