Нашето крило Гоце Георгиевски, вели дека поразот од Хрватска мора да остане зад нас и да влеземе максимално подготвени на средбите со Шпанија и посебно со Исланд кој може да биде и решавачки за пласман во наредната фаза на Светското првенство во Германија и Данска.
„Исланд и пред почетокот на шампионатот беше како еден таргет за нас и тука ќе ја гледаме нашата шанса, така мислам дека ќе остане и до крајот. Нормално дека и со Шпанија ќе одиграме бидејќи ова е светско првенство и секогаш е мотив да се игра на секој натпревар“- вели Георгиевски.
„Секако дека ќе пробаме да одиграме максимално мотивирано и со Шпанците, тоа е тоа“ – потенцираше Георгиевски во изјавата за Спортско радио 90.3 пред денешниот тренинг во арената во Минхен.