Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Георгиевски: „Не бевме ни 10% од она што бевме порано“
    Ракомет

    Георгиевски: „Не бевме ни 10% од она што бевме порано“

    risteBy riste17/01/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Крилото на нашата репрезентација Гоце Георгиевски нема по добро да го памети настапот на СП 2023 во Полска и Шведска, затоа што нашиот национален тим доживеа три порази во групната фаза и че игра во Президент Купот.

    Откако загубивме од Норвешка и Холандија, со висока разлика, верувавме дека против Аргентина можеме да играме и да се надеваме на позитивен резултат. Сепак тоа не се случи, а за мечот зборуваше Гоце Георгиевски кој вели дека загрижува што не се испочитувале работите кои претходно ги тренирале и договарале.

    „Играта која ја имавме во квалификациите и пред почетокот на ова првенство, не ја испочитувавме ниту 10%. Имавме проблеми во одбраната, недоволна комуникација, проблеми во напад, недоволна концентрација, а тоа се доволен број на фактори кои влијаат за вакви резултати, посебно кога имаш вакви противници со кои е тешко да се надигруваш и веднаш те казнуваат. Мислам дека ние имаме доволно квалитет, ова Светско првенство е голем удар за нас, но мора да се издигнеме со главите горе и да се пласираме на ЕП 2024. Загрижувачки е фактот што немаме победа на последните две големи натпреварувања. Не го испочитувавме она кое го договаравме. Онаа игра која го красеше нашиот тим, не ја покажавме на ова СП“, рече Георгиевски.

    Македонија утре се сели во Плоцк каде ќе настапува во Президен купот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Познати групите за ракометниот Куп на Македонија

    01/02/2023

    Е. Пелистер вечерва стартува во СЕХА Лигата

    30/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Давитков се врати во татковината
    • Шкрињар ќе остане професионалец до крај
    • Нов тежок удар за Јуве!?
    • Гринвуд не бил виновен
    • „Светците“ останаа времено без првата ѕвезда
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.