Нашето ракометно крило, Гоце Георгиевски, потврди дека во иднина ќе го носи дресот на Вардар. Тој по три сезони ќе го напушти ромаскиот клуб ЧСМ Букурешт и ќе се врати во татковината.
„Имам договор со Вардар за две години. По долг период се враќам да играм на домашната сцена и мислам дека Вардар е вистинскиот избор. Се работи европски шампион и тоа ќе биде голем предизвик“ – изјави Георгиевски со напомена дека имал понуда и од Металург.
„Црвено-црните“ по доаѓањето на Михајло Михајловски на челната позиција успеаа за краток период да ангажираат двајца наши репрезентативци. Претходно за Вардарци потпиша и бекот, Филип Талески.